Изложбата со дела од Детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ во Крива Паланка

Од:

Во галерискиот простор на Националната установа „Центар за култура“ од Крива Паланка вечерва беше отворена изложбата „Ретроспектива на дела од Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ – Кратово.

– Изложбата е дел од манифестацијата „Топол културен бран“ за месец август која во нашата општина нуди богат и разновиден репертоар културни настани за сите возрасти. Ние како националан установа редовно соработуваме со Домот на култура „Лазар Софијанов“ од Кратово и традиционално ги изложуваме пред кривопаланечката јавност делата создадени на оваа позната колонија, изјави Александар Рангелов , директор на НУЦК, Крива Паланка.

Изложбата претставува избор од 24 дела изработени на дваесет и првото издание на колонијата „Лазар Софијанов“ од млади автори од државата. Изложбата ќе биде поставена во Национална установа центар за култура во следните две недели.

Програмата на „Топол културен бран 2015“ во Крива Паланка продолжува со единаесетото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ кој ќе трае до 27 август, а ќе започне утре во 18 часот со свечено дефиле низ градот.

Граѓаните ќе може да ги проследат настапите на фолклорните ансамбли од Турција, Србија, Словачка, Романија, Бугарија и Македонија на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска