Изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX “ во Ватиканските музеи

Од:

Со отворање на изложбата „Словенски ракописи од Македонија  од ХIII до XIX “ во Ватиканските музеи, вечер почнува културната програма  од 46. манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“.

Ќе бидат изложени 30 оригинални ракописи од Македонија кои ги  поседува Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје Државниот архив, Заводот и музеј Битола, Македонската академија на науките и уметностите и други институции.

Според министерката Канческа Милевска, со изложбата се дава огромен придонес за запознавање на меѓународната јавност со оригиналните ракопоси од Македонија.

– Со овие оригинални ракописи се потврдува  илјадагодишната традиција на писмениот  јазичен развој на Македонија. Се прикажува словенската писмена традиција, нејзината стандардизација од почетокот  од страна на светите Кирил и Методиј во втората половина на 9-от век, изјави министерката за култура Канческа – Милевска.

Таа  очекува изложбата со оригиналните ракописи да привлече огромно внимание и да има голема посетеност.

– Во  прекрасниот Ватикански музеј, каде се гледаат вековната изложба и вредните артефакти од најразлични периоди, се надевам дека ќе има можност светот да ја запознае Република Македонија преку овие оригинални вредни ракописи, рече Канческа Милевска.

– Изложбата е во организација на НУБ „Св. Климент Охридски од Скопје“.

Во октомври 2012 година беше поставена  во Кралскиот музеј Мариемон во Белгија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска