Изложбата на младите уметници од Ново Село претставена во Струмица

Од:

Млади уметници од Училиштето за цртање и сликање при Домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село денеска на јавноста ѝ ги покажаа своите 27 дела во ликовниот простор на Домот за деца и младинци „Благој Мучето“ во Струмица.

Според Светлана Мазгалоска-Вучетиќ од Домот за деца и младинци, оваа изложба е дел од долгодишната соработка меѓу двете културни институции.

-Секоја година ја преземаме изложбата на Училиштето од Ново Село и ја изложуваме во нашите простории, каде присуствуваат ученици од другите училишта, за да може да видат како децата од Ново Село работат на полето на ликовната дејност, рече Мазгалоска-Вучетиќ.

Во Училиштето за цртање и сликање при Домот на културата во Ново Село членуваат 15 ученици.

-Училиштето почнува со почетокот на школската година и трае до нејзиното завршување и во текот на целата година учениците ги учат техниките на цртање и сликање под раководство на професорот Ѕвонко Тилев, рече Никола Јанев од Домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село.

Проектот првпат е финансиран од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска