Изложбата „МиниАРТура“ годинава со странски учесници

Од:

Во НЛБ Галерија вечер од 20 часот ќе биде отворена шестата изложба „МиниАРТура“ во соработка со Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Изложбата годинава првпат е меѓународна и, покрај автори од Македонија, ќе има и учесници од Србија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Австралија.

– Делата на оваа изложба се во мал формат, со максимални димензии 10 на 10 сантиметри. Авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз. Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата, соопштија организаторите.

Како и во минатите години, на изложбата „МиниАРТура“ ќе бидат доделени две награди – ДЛУМ ќе ја додели наградата „Златна четка“, а НЛБ Банка – откупна награда „НЛБ – миниарт“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска