Изложбата „Мандала 2“ во Софија

Од:

Вo Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Македонија во Софија вечер ќe биде отворена изложбата „Мандала 2“ на авторката Соња Чингарова Фотева од Скопје.

Презентирани ќе бидат 18 дела во маслена техника работени од 2007 до 2017 година.

Изложбата е организирана во соработка со Музејот на град Скопје и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. На отворањето, покрај авторката, ќе се обратат и директорот на КИЦ Васко Шутаров, како и кустосот советник во Музејот на град Скопје Дора Андова Фотева.

Чингарова Фотева е родена во 1959 во Велес. Во 1984 дипломирала историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1991 сликарството станува нејзина определба, а фокус, проучување и уметничка инспирација и се различните културни наследства и филозофии. Мандала, како што вели, е сликовен, нумерички и колоритен симбол, херметички портрет на точка, круг, и квадрат, проекција на светот, сакрална геометрија врз структурата на вечното и бесконечното, единство на се, совршен спој на измирени спротивности, објект за медитација, пат на духовно искачување, отслик на најдлабоките слоеви на свеста, внатрешна визија.

Изложбата ќе биде отворена до 7 мај.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски