Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка

Од:

Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ вечер ќе биде отворена во Градскиот музеј на Крива Паланка. Градскиот музеј изложбата ја организира во чест на 9 Мај – Денот на Европа, а во соработка со Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

Она што ја прави оваа изложба поинаква од другите е што водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци, кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Патувачката изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ претставува збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна. Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, историја, повјест – Лекции за денес“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. На изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени се од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

Изложбата досега има посетено четириесетина земји, а во Македонија отворањето беше во Министерството за надворешни работи, во чест на обележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27 јануари.

Девојчето кое во целиот свет е препознаено како симбол на децата жртви на Холокаустот е родено во Франкфурт 1929 година. Четири години подоцна со семејството се сели во Амстердам откако во Германија на сила стапуваат закони против Евреите. На почетокот на нацистичката окупација семејството Франк се сели во тајно засолниште, каде Ана во текот на две години го пишува својот дневник. Во август 1944 е напишан последниот запис во дневникот. Откриено е засолништето на нејзиното семејство и петнаесетгодишната Ана умира во логор. Единствениот преживеан член на нејзиното семејство е Ото Франк, нејзиниот татко, кој го објавува дневникот.

Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, историја, повјест – Лекции за сегашноста“ поддржан од Европската Унија. Во рамки на проектот воден од Ана Франк хаус, а во соработка со организациите МОФ, ХЕРМЕС, Младинска иницијатива за човекови права и Отворена комуникација, изложбата е достапна за младите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

Проектот има за цел да го покрене вниманието и поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за различни поделби и генерирање конфликти во минатиот век. Преку промовирање на критичко размислување за настани од историјата и нивното значење во современото време и случувања, целта на Anna Frank House и партнерите е да се постигне помирување преку дијалог за заедничкото минато.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот