Изложба за средновековното наследство на Скопје

Од:

Изложба за средновековното наследство на територијата на градот Скопје ќе биде отворена денеска во ТЦ „Капитол“ во организација на „Хаемус“. Насловена е „Skopje ByzArt – историја, уметност, традиција и искуство“ и ќе може да се посети до 27 септември од 10 до 22 часот.

Ќе бидат изложени панели групирани тематски според историски, уметнички, религиски и етнографски карактеристики, како и уметнички дела и ракотворби од изложбено-продажен карактер изработени со помош на оригинални средновековни техники од сестринството на Марковиот манастир.

Со оваа изложба „Хаемус“ се вклучува во манифестацијата „Европски денови на културното наследство 2019“ која се организира од 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од Европската Унија.

– Целта на нашата изложба е поткревање на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство преку промоција на средновековното наследство на Скопје, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска