Изложба за македонското Порече

Од:

Изложбата „Поречаните. Македонското Порече од 1932-1033 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“ од денеска до трети септември годинава ќе биде поставена во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Оваа изложба се реализира во соработка со Амбасадата на Полска и со Музејот на Македонија.

Изложбата претставува само еден мал дел од творечкиот опус на авторот пренесен од професорката Ана Енгелкинг од Полската академија на науките, со помош на поранешниот полски амбасадор во Македонија Јацек Мултановски и неговата сопруга Кинга Нетман- Мултановска.

– Јозеф Обрембски е еден од најзначајните полски етнолози и антрополози, чиј творечки опус е тесно поврзан со македонската етнологија, што го прави исклучително значајна личност и за нас. Неговата посета на Порече во периодот 1932-1933 година ни дава изобилство на емпириски материјали, фотодокументација и скици кои не само нему, туку и на подоцнежните македонски етнолози им послужиле како основа за надградба и анализа на различни аспекти од функционирањето на традиционалните поречки и воопшто, македонски заедници, смета Мери Стојанова.

Според неа, разнообразноста на материјалите од Порече и нивната структуираност му овозможиле на авторот и на сите нас јасно да ги согледаме сите аспекти на живеење на традиционалните заедници.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска