Изложбата „Мајка Тереза, Светица од Скопје, Светица на светот” е постевена во Sophia University, во Токио на иницијатива на Амбасадата на Република Македонија во Токио и во соработка со Спомен куќата на Мајка Тереза.
Покрај претставување на животот и делото на Мајка Тереза, изложбата има за цел да ја прикаже силната врска меѓу Мајка Тереза и Јапонија, за што говори и фактот што голем број јапонски уметници дел од својата работа ја посветиле токму на нејзиниот живот и мисија.
Изложбата се одржува во Sophia University, каде Мајка Тереза имала прилика да одржи предавања во три наврати, и тоа во 1981, 1982 и 1984 година. Ја сочинуваат 24 колажи со фотографии, што даваат хронолошки приказ на животот и хуманата мисија на Мајка Тереза, а ќе може да се види до 8 декември 2017 година.