По повод Светскиот ден на уметноста денеска во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде отворена изложбата „Во слава на уметноста“.
Се преставуваат 60-тина уметници со свои дела, припадници на различни генерации, со различна етничка припадност, кои со своето творештво придонесуваат во развојот на македонската ликовна уметност, како и уметници од други земји кои како гости го подржаа проектот на ИКОН.
Изложбата ја организира Асоцијација за култура ИКОН, а ќе биде отворена до 30 април годинава.