Изложба во Атина за обновата на Скопје по земјотресот

Од:

Изложба „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“ ќе биде отворена денеска во музејот Бенаки во Атина. Изложбата, пред грчката публика за прв пат ја претставува темата на постземјотресната обнова на Скопје и улогата на Константинос А. Доксијадис во неа.

Изложбата и придружните манифестации се организирани од Музејот на Град Скопје, Хеленскиот институт за архитектура и музејот Бенаки.

Коорганизатори се Атина 2018 – Светска метропола на книгата – градот Атина (главен донатор е Фондацијата Ставрос Нијархос) и Градот Скопје.

Во кураторскиот тим се Калиопи Амигдалу, Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Костас Циамбаос, а помошник куратор е Христос Критикос.

Изложбата во атинскиот музеј ќе биде отворена од 20 декември 2018 до 17 февруари 2019.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска