Во новоотворениот ликовен простор на дворот на библиотеката „Искра“ во Кочани е отворена изложба на слики и склуптури на осуммина кочански автори, насловена „Уметници од сиво поднебје“.
На изложбата, која ќе трае десетина дена, се преставуваат Елизабета Зафирова-Стојанова, Иван Шапков, Орхан Ќамилов, Аспарух Михаилов, Катерина Соколова, Александра Димитрова, Владимир Симеонов и Габи Постолова.
– Ова е можност на едно место да бидат презентирани дела на најмладата генерација кочански ликовни твборци. Изложени се триесетина дела работени во масло на платно, графика, колаж и скулптури, истакна Сузана Горгиева, директор на библиотеката „Искра“.