Во Галерија 8, во Безистенот на скопската чаршија, вечер ќе биде отворена изложба „Темно сино“ на младиот автор Владимир Илиевски.
Тој ќе се претстави со 20 цртежи изработени со сино мастило на хартија. Тоа ќе биде негово трето самостојно претставување, покрај многубројните учества во групни изложби.
Илиевски е добитник на награди од областа на дизајнот и карикатурата.