Изложба со мотиви од старата кочанска архитектура

Од:

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, синоќа беше отворена изложба на цртежи „Архитектура“. Делата имаат мотиви од старата кочанска архитектура која се уште е присутна во одделни делови на старото градско јадро на Кочани.

– Цртежите се дело на учениците кои оваа учебна година ја посетуваа школата за цртање и сликање, која трета година работи во состав на Националната установа од Кочани. Мотивски тие се посветени на старата кочанска архитектура која полека исчезнува под налетот на современото. Изложени се шеесетина цртежи работени во повеќе техники, Александра Сандева Димитрова, раководител на школата и локовен педагог.

Ученици од школата за цртање и сликање од Кочани ќе учествуваат на Меѓународната ликовна колонија „Лазар Софијанов“ во Кратово, како и на Меѓународната ликовна колонија во збратимениот град со Кочани Сигентсентмиклош во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Истражувавме за вас-актуелните трендови во архитектурата?

Предраг Петровиќ