Изложба „Скулптури на новото време 2017“ во Куманово

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечер ќе биде отворена деветтата биенална изложба на скулптури „Скулптури на новото време 2017“.

На годинашната изложба ќе бидат презентирани 24 дела од 21 автор од Македонија.

– Скулпторите најчесто користат дрво и метал за обработка. Секој автор дава свое видување во насока на асоцијативна фигурација или апстрактно-геометризирана форма. Дел од авторите, односно две авторки настапуваат со концептуален приод, користејќи готови предмети како објекти поставени во определен контекст, со намера да предизвикаат некаква реакција кај консументот – емотивна или интерактивна, изјави Роберт Цветковски, еден од организаторите на изложбата и директор на Центарот за култура. Тој ги повика кумановци да присуствуваат на отворањето на изложбата.

„Скулптури на новото време 2017“ ја организира и координира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 10 август годинава.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски