Изложба скулптури на Наим Исен во КИЦ

Од:

Во Изложбениот салон – Империјал 2 во КИЦ вечер ќе биде отворена изложбата на слулптури од Наим Исени што ќе трае до 17 април.

Исени е роден 1966 година во село Ваксинце, Куманово. Дипломирал на Факултетот за Уметности, отсек – скулптура во Приштина во 1992 гододина во класата на проф. Агим Чавдарбаша. Магистрирал на истиот факултет во 2002 година во класот на проф. Агим Руди на тема: „Форми и простори во современата скулптура“.

Досега одржал самостојни изложби во Домот на културата во Куманово во 1992 и во 2002 година, како и во Арт клуб АлтерНАТИВ во Скопје и Албанолошкиот институт во Приштина во 2002 година. Од 1989 до 2018 година учествувал и на повеќе групни изложби во Македонија, Косово, Албанија, Канада и Италија.

Од 2005 година е член на „Асоцијацијата на скулптори на Британска Колумбија” во Ванкувер, а добитник е и на повеќе награди за скулптура.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски