Изложба „Скопје – градот на солидарноста“ во престижната галерија на МЦК во Краков

Од:

Меѓународниот центар за култура во Краков (МЦК) и Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) заеднички ја подготвуваат првата презентација во Полска на феноменот на обновата на Скопје по трагичниот земјотрес во 1963 година и на исклучителните – дури и од денешна перспектива – гестови на солидарност на многу држави, организации и добронамерни луѓе по огромните уништувања и страдањата кои ги претрпеле Македонците.

Проектот на изложбата под наслов: Скопје – градот на солидарноста е изработен врз основа на идејата на Амбасадата на Република Полска во Скопје која веќе неколку години ги помага истражувањата за учеството на Полјаците во тој процес.

Намера на МЦК и МСУ е прикажување не само на обемот на трагедијата на градот и неговите жители, туку пред сè на необичната обнова, којашто од градот направила најмодерна бруталистичка престолнина во светски рамки. Благодарение на новите проекти, чиј симбол е планот на централното градско подрачје на Кензо Танге, Скопје станало еден од архитектонски најинтересните градови во Европа.

За полската публика важно ќе биде потсетувањето на ликовите и делата на полските архитекти и урбанисти, коишто учествувале во враќањето на Скопје во живот. Нивното искуство стекнато при реконструкцијата и обновата на целосно уништената за време на Втората светска војна Варшава, тогаш се покажало неизмерно корисно и исклучително важно. Изложбата ќе раскаже за Адолф Циборовски (1919-1987) – кој во име на Обединетите нации вршел надзор над процесот на реконструкција, за урбанистот Станислав Јанковски (1911-2002) – раководител на полскиот тим што го изработил планот за реконструкција, како и за Тигрите – тројцата проектанти на седиштето на МСУ – Вацлав Клишевски (1910-2000), Јежи Мокшињски (1909-1997) и Еугењуш Вјежбицки (1909-1991).

Голема вредност на презентацијата ќе биде можноста за првпат да ѝ се прикаже на полската публика дел од колекцијата на полска уметност, којашто како дар се нашла во новиот музеј. Дела на истакнатите уметници: Тадеуш Бжозовски, Јежи Кравчик, Алфред Леница, Бенон Либерски, Ева Марија Лункјевич-Рогојска, Јежи Новошелски, Тереса Понговска, Хенрик Стажевски, Анджеј Струмило, Рајмунд Зјемски и многу други биле подарени како израз на солидарност на полската уметничка заедница. Треба да се нагласи дека сличен гест направила и меѓународната уметничка заедница, па затоа „соседи“ на полската колекција во музејот ѝ се дела на најистакнатите ликови од светската уметност, какви што се: Пабло Пикасо, Александар Калдер, Ники де Сан Фал, Ханс Хартунг или Виктор Вазарели.

Изложбата Скопје – градот на солидарноста ќе биде изложена во престижната галерија на МЦК во самото срце на Краков – институција со долгогодишно искуство во доближување на најинтересните појави од културното наследство на широко сфатената Централна Европа. Истовремено тоа ќе биде прва презентација на Македонија во Полска – на нејзиното тешко искуство од XX век и наследството поврзано со тоа.

Од 19.03.2018 г. до 21.03.2018 г. во Скопје престојува делегација на Меѓународниот центар за култура од Краков (МЦК).

Во составот на делегацијата се: директорот на МЦК Агата Вонсовска-Павлик, заменик-директорот за програмски прашања Лукаш Галусек и Моника Ридигер – еден од кураторите на изложбата „Скопје – градот на солидарноста“.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски