Групна изложба на фотографии со мотиви од охридското село Трпејца денеска ќе биде отворена во ресторанот „Рибар“. Изложени ќе бидат 17 фотографии од Ѓорги Личовски, Наке Батев, Маја Златевска, Борис Грдановски, Огнен Теофиловски и Роберт Атанасовски, фотографи со долгогодишно искуство во македонските и странските мeдиуми.
Домаќин е ресторанот „Рибар“, на самиот брег на Охридското Езеро, на плажата што неформално фотографите ја нарекуваат македонското Сен Тропе, каде многу од фотографиите се направени. Македонските фоторепортери ќе понудат слика за езерото и за Трпејца.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на летната сезона.