Со изложба и презентација во Чифте амам почнува новиот проект на Петре Николоски

Од:

Вечерва во галеријата Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе се одржи презентација со изложба за престојниот проект на уметникот Петре Николоски, „Бесконечност“, што ќе се реализира на крајот од 2018 година.

Поради комплексноста на проектот, од денес до 13 февруари Чифте амам ќе биде собирно место за граѓата, односно книгите и други материјали што се потребни за новите дела на Николоски.

Делата со наслов „Бесконечност“ ќе бидат сочинети од три единици, од кои во моделирањето на скулптурата ќе биде употребена едната книга на авторите, а другата ќе биди редоследно поставена на специјално направената полица, додека во урамен графички приказ ќе бидат редоследно напишани насловите на книгите, имињата на нивните автори и донаторите.

Затоа, НГМ има отворен повик до сите книгоиздателства и граѓани за алтруистичка акција за реализација на делото, кое, како што наведуваат од Галеријата, ќе се состои од две скулптури во форма на обелиск, високи 6 и 4 метри, чиј резулатат ќе зависи токму од алтруистичкиот придонес на издавачите, писателите на граѓаните.

Со цел да се појасни идејата на проектот „Бесконечност“, од денес во Чифте амам ќе биде поставена изложбата „Приватно-јавно“, каде што меѓу другото ќе може да се видат макети и скици на идниот проект, кој покрај скулптурите ќе има и специјални полици за книги и дрвени изнталации, а сите овие дела ќе бидат отстапени на неограничено користење на НГМ, на Градската библиотека во Прилеп, како и на Националната и универзитетска библиотека во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски