Изложба „Подарени дела од Чехословачка“ во МСУ

Од:

Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 18 часот ќе отвори изложба насловена „Подарени дела од Чехословачка“. Ќе бидат претставени 65 дела (слики, графики, скулптури и цртежи) кои се дел од неговата колекција. Повод за изложбата е 100 години од формирањето на Чехословачка. Куратор е Марика Бочварова-Плавевска.

Од МСУ наведуваат дека по повод 100-годишнината акцентот е ставен на годината кога е формирана државата Чехословачка (1918), но не како заокружена прослава на бившата заедничка држава, бидејќи во 1993 година по мирен пат тие се разделија (Чешка и Словачка).

– Најбитно е што изложбата е предизвик за отворање на можноста за анализа на повеќе моменти. Би започнале со оние што логично се врзани за последните децении на минатиот век. Тие ги третираат социополитичките промени во Европа, години што влијаеа врз уметноста и културата генерално, наведува МСУ.

Со изложбата воедно се одбележуваат и 50 години од Прашката пролет (1968). МСУ посочува дека Националната галерија во Прага одлучила да одвои важен дел од својата релевантна колекција (12 дела), за да ја дополни тогаш младата колекција на МСУ. Денес во неговата збирка се 265 дела од 92 автори од Чехословачка.

На отворањето на изложбата вечер во МСУ е најавено присуство и обраќања на амбасадорите на Чешка и Словачка, Мирослав Томан и Хенрик Маркуш.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска