Изложба „По трагите на светите Кирил и Методиј” од словачкиот автор Павол Демеш

Од:

По повод 1155-годишнината од доаѓањето на солунските браќа на територијата на Велика Моравија, предците на Словаците и Чесите, и 25-годишнината од осамостојувањето на Република Словачка, денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” ќе биде отворена изложба на словачкиот автор Павол Демеш „По трагите на Светите Кирил и Методиј”.

Изложбата претставува фотографска биографија на солунските браќа, заштитниците на Европа, на која авторот работел три години. Станува збор за избор фотографии, којшто треба да покаже кои биле Кирил и Методиј, и воедно, зошто се толку важни за словенските народи.

Изложбата опфаќа и споменици од најразлични земји, зачувани од времето на светите Кирил и Методиј или кои им се посветени ним. Во колекцијата на фотографии спаѓа и фотографијата од Франтишек Муха, на која се прикажани иконите на св. Климент и св. Наум Охридски кои во 2014 година беа подарени од градот Охрид и положени на олтарот во црквата посветена на солунските браќа во Терхова, Република Словачка.

Павол Демеш (1956) е експерт за надворешна политика и граѓанско општество. Живее во Братислава. Активно фотографира, а неговите фотографии повеќе пати беа изложени и презентирани во Словачка, како и во странство.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска