Изложбата „Пасија“ од Никола Пијанманов вечер ќе биде отворена во галерија „Метаноја“ во Скопје.
Тематски изложените слики се креативно толкување на страдањата на Исус Христос, а се пропратени со неколку други секвенци од неговиот живот. Ќе бидат поставени 25 слики работени последните неколку години. Сликите во оваа поставка формираат една композициска целина. Некои од сликите се создадени според обликот и димензиите на самиот простор. Компарацијата на поставката во овој простор е со онаа од ранохристијанските слики и симболи во катакомбите.
Рецензенти на изложбата се Коста Милков и Отец Климент од Зрзе. Организатор и целосна поддршка на оваа изложба – Нада Милкова, Галерија „Метаноја“ и Балкански институт за вера и и култура.