Изложба од ликовната колонија „Дрен“

Од:

Во ликовниот салон во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, утревечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела создадени на осмата Меѓународна ликовна колонија „Дрен“. Со заедничката изложба на уметниците кои твореа во Колонијата, Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја затвора годинашнава манифестација Прилепско културно лето.

– Ќе бидат изложени делата на уметниците-учесници на Колонијата: Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, Сречко Здравковиќ, Драгица Алексиќ, Весна Вучичевиќ и Јелена Младеновиќ од Србија, како и делата на Марија М. Крившинко од Русија и на Емине Токмакај од Турција, информираат од Центарот за култура.

Годинашнава, осма по ред Меѓународна ликовна колонија „Дрен“ се одржа во манастирот „Свети Илија“ во с. Дрен од 13 до 20 јули.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска