Изложба „Од Истанбул до Анадолија“ во Мултимедијалниот центар „Мала станица“

Од:

Директорот на Институтот „Јунус Емре“, Турски културен центар, Фејзулах Бахчи денеска на прес-конференција рече дека се домаќини на значајна изложба на фотографии на познатиот фотограф Мустафа Дедеоглу.

– Авторот е познат не само во својата матична држава, туку и на европско и на светско ниво. На изложбата која се отвора вечер ќе има избрани дела кои сметавме дека се автентични за ова поднебје. Мустафа Дедеоглу е афирмиран фотограф и има многу значајни фотографии, посочи Бахчи.

Насловот на изложбата „Од Истанбул до Анадолија…“, нагласи тој, само по себе кажува многу нешта.

– Македонија за нас Турците е многу важна држава. Познатиот турски автор Јахја Кемал во една од своите поезии вели дека Скопје е продолжение на градот Бурса. Факт е дека сите поети ја истакнуваат таа сличност меѓу Македонија и Турција во однос на фолклорот, традицијата, музиката, храната. Значи од секој аспект имаме многу нешта да споделуваме бидејќи тие се наши заеднички вредности, рече Бахчи.

Додаде дека фотографиите на Дедеоглу не ја раскажуваат приказната само за Истанбул, туку тоа е една општа приказна за Анадолија.

Дедеоглу истакна дека се чувствува горд и среќен што има можност преку организаторот Турски културен центар да ги претстави неговите фотографии.

– Фотографиите кои ќе бидат вечер изложени со тематика Истанбул претходно се изложени во повеќе држави. Љубителите на фотографската уметност во Скопје вечер ќе имаат можност првпат да видат дел од моите фотографии. Верувам и се надевам дека Турскиот културен центар ќе продолжи со вакви активности, додаде Дедеоглу.

Мустафа Дедеоглу е роден во Ускудар во 1978 година. Неговиот интерес за фотографија почнува во 2006 година, а првите фотографии се снимени низ старите улици на Истанбул. Голем број негови фотографии се објавени во разни списанија во Москва, Санкт Петербург, Казан, Барселона, Техеран итн. и се изложени во престижни галерии и музеи.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ