Изложба од циклусот „Жена“ на дела на Саздовска во Прилеп

Од:

Синоќа во во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата насловена „Жена“ од уметникот Лидија Саздовска. Пред прилепската публика се претставени 25 дела на Саздовска од овој циклус. Според академскиот сликар и ликовен педагог Лидија Саздовска делата се содавани во четири децении и се дел од големиот нејзин ликовен опус.

– Работам веќе 40 години. Ова е дел од големата изложба, претставена пред два месеца во Скопје. Не може да речам дека ја сликам само жената, иако таа е доминантна. Ме привлекува убавината на жената, а има и по некој вљубен маж меѓу овие дами. Често размислувам и за интимата на жените што ги сликам. Да се занимава човек со уметност во наши услови не е едноставно, но е голема љубов. Тоа е моја професија која ја сакам. Ќе сликам додека можам да работам, вели Саздовска.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност нагласувајќи дека сликарските платна прераснуваат во своевидна интимна приказна.

-Изложбата на академскиот сликар и ликовен педагог Лидија Саздовска претставува приказ на богатото творештво кое било создадено во поширока временска рамка, односно во текот на четири децении. Низ годините, како што созревала и креирала личноста на уметникот, неуморно следејќи го чекорот на длабоко развиената сетилност и интуитивност, се развива уметничкиот сликарски израз. Творештвото на Саздовска е класифицирано во повеќе тематски циклуси и во секој се воочува постепена промена на ликовната интерпретација на женската фигура и портрет, развој на структурата на самата композиција како и функцијата на бојата. Сликарските платна стануваат своевидна интимна приказна, а секој циклус прераснува во мемоар раскажан преку бојата и формата, вели Димеска.

По 15 години ова е второ претставување на делата на Саздовска пред прилепската публика. Добитник е на бројни награди и признанија за својот ликовен опус, а има бројни самостојни и групни изложби, а учествувала и на повеќе ликовни колонии.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска