Педесеттина дела се претставени на изложбата „Низ четката на преспанските уметници“ што изминатава недела е поставена во изложбениот салон во Домот на културата „Драги Тозија“ во рамките на предновогодишната програма.
Организаторот на изложбата Марија Груевска информира дека претставени се дела од различни теми и стилови на роднокрајни автори-аматери, како и од уметници од ликовната работилница што летово се одржа во Отешево.
Изложбата, според неа, стана тардиционална, се организира по петти јубилеен пат и пројавува се поголем интерес кај ресенци, но и кај гостите.
– Интересот од година во година е се поголем. Годинава имаше масовна посетеност. Секоја година се трудиме да внесуваме новини за подобрување и зачувавување на културата и уметноста и да се промовира аматеризмот, изјави Груевска.
Изложбата беше отворена на 18 овој месец, а делата ќе бидта изложени до утре.