Изложба на Зоран Попоски во Хонг Конг

Од:

Самостојна изложба на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе се одржи во Галеријата ЦЦА во Хонг Конг, во периодот од 1 септември до 30 септември 2021 година.

На самостојната изложба, Попоски ќе се претстави со дела од неговото најново уметничко творештво, составени од слики надградени со дигитални технологии како дигитална графика, Дополнета Реалност (AR/Augmented Reality) и НФТ уметност (NFT art). Покрај физичкото издание на изложбата, во текот на септември ќе биде достапно и виртуелно издание на изложбата преку Виртуелна Реалност (ВР).

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност. Автор е на првите македонски НФТ уметнички дела кои годинава беа изложени на водечкиот меѓународен саем за дигитална уметност и крипто колекции во Париз.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска