Изложба на Жанета Гелевска Вељановска – Жани во Скопје

Од:

Утре вечер во 20 часот во галеријата „Акантус“ ќе биде отворена изложбата „Верувам дека можам да летам“ на Жанета Гелевска Вељановска – Жани.

„Мистеријата на играта поседува сопствен простор и сопствено време, па така користејќи го реалното време и простор Жанета Гелевска Вељановска нѐ носи во имагинарен свет на други простори, кои имаат бесконечно многу приказни, создадени со внимателно промислување на фантазијата. Во ова нејзино претставување ќе иницира една желба за достигнување на невозможното, летањето“, истакнува кураторката на изложбата, Дијана Томиќ Радевска.

На оваа изложба ќе бидат преставени педесетина нови дела, кои се изработени во различни техники.

Жанета Гелевска Вељановска – Жани дипломирала на Ликовната академија во Скопје во 1989 година во класата на професорката Ана Темкова. По нејзината изложба во 1999 година во лондонската ликовна галерија “Блајнс” во Мејфер, таа се преселила во Англија, каде што сега работи како уметник со полно работно време. Таа секогаш експериментира и нејзините слики се уникатна комбинација постигната со комбинирање на акрилни и мешани медиуми и низа необични материјали.

Изложбата ќе биде отворена до 5 декември.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска