Изложба на Владимир Темков во Крива Паланка

Од:

Во галерискиот простор на Центарот за култура од Крива Паланка од синоќа е отворена изложба на дела од академскиот сликар Владимир Темков.

– Изложбата на Темков во Крива Паланка е овозможена во рамки на проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Темков е истакнат уметник од Тиквешијата кој зазема се повисоко место во македонското сликарство и чест ни е да биде претставен пред љубителите на уметност од нашиот град, рече на отворањето Вања Јамимовска, раководител на ликовно-галериската дејност при НУЦК од Крива Паланка.

Изложбата содржи 25 дела на Темков, дел од неговата „Серија слики за птиците“, работени во техника масло на платно.

-Темков има направено антологиски платна од кои проблеснуваат извиените, префинети форми на овие летечки и нежни суштества, а низ поврзаноста со драстичниот колоритет тие создаваат оригинална меланжерија чија градба никогаш не завршува и секогаш е пријатна за доживување. Тој е модернист кому му се блиски слободните форми преку кои со неочекуваниот колорит ги надополнува вештите креации на мајсторскиот цртеж, истакна Јакимовска.

„Птиците“ на Tемков ќе бидат изложени пред Кривопаланечката јавност во следните десет дена.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска