Во Изложбениот салон на Музеј на град Кратово денеска ќе биде отворена изложба на слики на академскиот уметник Владимир Темков.
Владимир Темков е роден 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек графика.
Член е на ДЛУМ од 2001 година. Реализирал 60-тина самостојни изложби во Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција, САД (Њујорк 2013), Турција како и учество на стотина групни изложби и проекти.
Учествувал во работата на преку 40 ликовни колонии кои се одржувале во Македонија и регионот. Има учествувано и на повеќе меѓународни конференции како и студиски претстој во Париз – Франција во 2011 год. Во текот на 2015 год. реализираше две самостојни изложби во Кавадарци и Скопје.