Изложба на Виктор Вазарели

Од:

По повод Денот на Европа-9 Мај, утре во галеријата Остен ќе биде отворена изложбата на реномираниот унгарско-француски уметник Виктор Вазарели, татко на оп-арт правецот во уметноста.

На изложбата ќе бидат изложени околу 70 уметнички дела на овој светски познат уметник, од кои три цртежи, два колажи, четири дела со комбинирана техника, пет скулптури, а останатиот дел се графики. Главно творештвото на Вазарели припаѓа на уметничкиот правец оп-арт или оптичка уметност заснована врз интеракцијата меѓу реалната слика и имагинацијата, создавајќи уметност преку оптички илузии.

Организатори на изложбата се Остен, Делегацијата на ЕУ, Унгарската амбасада и Францускиот институт во Скопје.

Извршниот директор на Остен Корнелија Конеска на денешната прес-конференција потсети дека традиционално, секоја година по повод Денот на Европа со Делегацијата на ЕУ организираат настан под име „Европа во центар“. Досега се презентирани Владимир Величковиќ (Србија/Франција), Јоже Циуха (Словенија/Франција), Пабло Пикасо (Шпанија/Франција).

– Очигледно е дека Виктор Вазарели не обедини во еден заеднички проект. Тој може да се смета за граѓанин на Европа и на светот, рече Конеска. Информира дека изложбата се реализира затоа што Остен во својата колекцијата има 90 дела на Вазарели од колекцијата на Тибор Чепеи, Будимпешта, кој беше носител и на наградата Светско културно наследство во рамки на 37.Светска галерија на цртеж, Скопје 2009.

На пат за Скопје, како што рече Конеска, е портрет-филмот за Виктор Вазарели, обезбеден во соработка со Унгарската амбасада во Македонија и со Националната телевизија на Унгарија. Откако ќе пристигне филмот, во рамки на изложбата ќе се емитува цел ден, континуирано. Филмот трае 55 минути, а во моментов се подготвува превод од унгарски.

Конзулот Шандор Матјуш истакна дека ова е фасцинантен проект кој во Македонија ги обединува Французите, Унгарците и Македонците.

Изложбата ќе биде отворена утре во 20:20 часот, а посетителите ќе можат да ги погледнат изложените дела до 28 мај.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска