Пред бројни љубители на ликовната уметност, синоќа во Културно информативниот центар на Република Македонија беше отворена изложбата „Невидливиот медиум на чудесното” на македонската уметница Вана Урошевиќ.
На изложбата се претставени 54 дела работени со вез на рачно обоена свила и во најголем дел неизложувани досега.
Изложбата се реализираше во соработка со Музеј на современа уметност и со поддршка на македонското Министерство за култура. Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Елиза Шулевска, а посетителите во Софија ќе можат да ја видат до 19 март.
Фото: МИА