Изложба на урбаните акции во Мобилната монтажна Галерија

Од:

Вечерва во 20 часот се отвора изложбата на фотографии и документација од Урбaните уметнички акции, во просторот на Мобилната монтажна Галерија.

Изложбата се состои од повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе 2 години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017-та година.

Идејата на проектот Урбани уметнички акции е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите, невладиниот седктор и граѓаните кои се соочени со проблемот.

Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми, ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми.

Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејзаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија.

Урбаните акции се идеја и концепт на Центарот за Современи уметности а се поддржани од: Програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европска културна фондација и Фондација Отворено општество.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски