Изложба на Тања Таневска во Њујорк

Од:

Академската сликарка Тања Таневска од денеска ќе има изложба во „Gallery MC“ во Њујорк. Таа се претставува со 61 дело акрил на картон асоцијативни жичани инструменти изработени во последните четири години.

Тања Таневска (1971) е визуелен уметник. По образование е сликар, но нејзиниот препознатлив исказ и исклучителна дарба е за визуелна нарација за истражување преку различни медиуми: слика, скулптура, цртеж, графика, фотографија, уметничка инсталација.

Нејзините дела се изложувани на жирирани национални и меѓународни изложби во светот (21 самостојни изложби и над 230 групни изложби, меѓународни симпозиуми и колонии, студиски престој, учество на хуманитарни манифестации…)

Добитник е на меѓународно признание и национални награди, а дел од нејзиното творештво збогатува значајни колекции во земјата и странство. Живее и работи во Скопје, како наставник во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска