Изложба на Стефан Димовски во Музејот на Град Скопје

Од:

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на акварели од Стефан Димовски од Скопје.

Димовски е творец кој повеќе години го негува акварелот со посебна љубов и енергија. Во неговите акварели се присутни импресии преточени во ликовни творби со засебна лирска нарација.

На оваа самостојна изложба ќе бидат презентирани акварели во кои авторот соопштува една своја ликовна приказна исткаена со сегменти од опкружувањето и животот воопшто.

Тоа се дела со различна мотивска определба, како пејзажи, потоа серија на градби / дела насловени како импресии од Франција/ и актови.

Тоа се акварели сведени на елементарни претстави работени лесно, чисто, со одмереност и искреност, во кои се забележува педантна разработка со лесно нанесени акварелни бои, како и суптилни лавирања и градација на светли и темни партии и пасажи. Акварелот како ликовен израз од уметникот бара брза и вешта рака, суптилен колорит, специфичен ликовен јазик и познавање на техниката

Роден 1983 година во Скопје. Почнува сериозно да работи акварел од 1995 година. Учествува на повеќе групни изложби на слики и акварели во Сан Рафаел, но исто така своите дела ги изложува во повеќе Галерии на југот од Франција. Во 2010/11 година влегува во 11-то издание на Италијанскиот Интернационален каталог за Модерна уметност MDS catalog internazionale d’arte moderna no 11-editrice d’arte cida roma.

Во 2011 година добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12-от саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска