Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Од:

Во Ликовниот салон на Друштвото на ликовните уметници Битола вечерва ќе биде отворена изложбата „преВРЗИНО“ од Стефан Анчевски.

Изложбата, опфаќа дела од различни циклуси на Стефан Анчевски карактеристични по пастозните слоеви материјал нанесени врз монохроматски позадини. Тоа се материјализирани дамки во процес на формирање и структурирање во разновидни шеми навестувајќи идни фигурации и симболики.

– Делата како да не водат низ космичко-физички и биолошки периоди внесувајќи не во праисториски пејзажи и соѕвездија. Од друга страна пак, изгледаат како подлога за испишување нови митологии кои никнуваат врз мртвилото на исклучениот темен екран. Тоа е едно сликарство и графика кои ја напуштиле бојата и цртежот притоа давајќи целосен простор на дамката која со себе ги носи сите можности на генерирање, трансформации и фигурации каде сето она што било не е веќе, додека пак сето она што ќе биде, се уште не е, велат организаторите.

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано десет самостојни изложби, учествува на преку 150 групни изложби во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 и 2023 година е добитник на првата награда „TrashForArt“ и првата награда „Let’s bring justice closer to citizens“.

Би можело да ве интересира

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Ние, луѓето“-премиера

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање