Изложба на Снежана Малетин во Прилеп

Од:

Изложба на дела од уметникот Снежана Малетин ќе биде отворена утревечер во 20 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На изложбата ќе бидат претставени 20 дела на Малетин. Станува збор за графики создадени во периодот од 2015 и 2016 година, како резултат на истражувањето на авторот на безбедни и нетоксични материјали во графичките техники.

Според авторката Снежана Малетин, желбата да работи литографија ја натерала да ја истражи областа.

– Оваа техника нуди можности да се работи во простории кои не се графичко атеље и е одлична подлога за креативен процес. Материјалите кои се користат се наоѓаат непосредно во нашата околина. Техниката има богат потенцијал кој на мене делува инспиративно. Дел од графиките се работени како монотипии, директно сликани на линолеум со бои за печатење на водена база, а дел се комбинирана техника со литографија или само литографија на алуминиумска фолија која се користи во домаќинството. Затоа е и името на техниката – kitchenLithography, истакна Малетин.

Додаде дека графиките се резултат на на испитувањето и истражувањето на можностите и решенијата во ликовната и техничката смисла,

Малетин досега има седум самостојни и повеќе од 10 групни изложби во земјава и странство. Изложбата во Прилеп ќе биде отворена до 16 август и е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска