Изложба на словенечкиот уметник Роман Уранјек во Мала станица

Од:

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, вечер ќе биде отворена изложба на словенечкиот уметник Роман Уранјек, со наслов „At Least One Cross A  Day After 1.1.2002“.

Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив Irwin, дел од култната групација Neue Slowenische Kunst (NSK).

На 1 јануари 2002 година (денот кога е воведено еврото во Европската унија), тој го изработил првиот крст интервенирајќи врз новата европската валута,  го почнал проектот „At Least One Cross A  Day After 1.1.2002“ и секојдневно изработува дело употребувајќи го крстот.

Создадените дела се конципирани во книги (Artists Book) и неколку тематски целини.  Покрај оригиналните книги, ќе бидат претставени и принтови од графичката мапа изработена за оваа изложба.

Раритет на изложбата се три 3 принта, документарна фотографија на исцртани крстови во јавен простор од Роман Уранјек од неговата посета на Скопје во 2007 година.

Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.  Изложбата ќе ја отворат  Маја Неделкоска-Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија, и  Бранко Раковец, амбасадор на Словенија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска