По повод меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 Декември, во ПОРТА МАКЕДОНИЈА вечер ќе биде отворена изложба на слики од 7. и 8. Меѓународна ликовна колонија во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.
На ликовната колонија учествуваа уметници со телесен инвалидитет од Македонија, Словенија, Бугарија, Србија, Хрватска и Република Чешка.
Целиот проект го стимулира ликовното творештво на лицата со телесен инвалидитет и организирањето ваква меѓународна ликовна колонија има за цел да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна.