Изложба на слики од Стефан Хаџи Николов во Кавадарци

Од:

Изложба на слики од Стефан Хаџи Николов беше отворена синоќа во галеријата при кавадаречкиот музеј. Во наредните десетина дена сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат 34. дела масло на платно од реномираниот македонски слободен ликовен уметник.

Инспирацијата за своите слики, Хаџи Николов вели дека ја добива од убавината на женското тело и од природата. – За фигурацијата, од убавината на женското тело. Од овие нефигуративните слики, природата. Природата ме инспирира најмногу од се, бидејќи сум многу често во природа, кога имам слободно време. И кога ќе почнам да сликам, се враќам на тие предели што сум ги видел дента или пред многу години, некаде каде што сум бил во природата, вели Хаџи Николов.

Академскиот сликар е роден 1955 година во Скопје. Има реализирано бројни изложби, а добитник е и на голем број награди и признанија за сликарство.

Директорот на музејот Петре Камчевски потсети дека Хаџи Николов и досега со свои дела се има претставувано во Кавадарци, а авторот најави уште неколку изложби на различни места.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски