Изложба на слики од меѓународна ликовна колонија „Карпино“ во Куманово

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва беше отворена изложбата на слики од 13-тата меѓународна ликовна колонија „Карпино“.

Кумановци имаат можност да проследат 30-тина дела изработени од  петнаесет уметници од повеќе држави, Македонија, Србија, Украина, БиХ и Бугарија кои учествуваа  на оваа традиционална колонија,чиј организатор е здружението на граѓани Мултимедијален Центар Карпино. Делата се работени во класична и комбинирана техника.

– Уметниците твореа осум дена  во населбата Карпош,како и последните четири години. Радува најавата на кумановско-осоговската епархија,дека полека ќе заживува и Карпинскиот манастир„-изјави,Зоран Павловски,претседател на здружението.

Уметничкиот директор на колонијата, Мирослав Величковски,изјави дека уметниците имале можност да соработуваат и разменат искуства.

– Ова  меѓународна ликовна колонија овозможи сплотување на различни култури од кои произлегоa овие  дела, изјави Величковски.

Градоначалникот на општина Куманово ,Зоран Дамјановски на отварањето, истакна дека колонијата има долга традиција и оти општината преку секторот и фондацијата за култура ја поддржува  манифестацијата.

– Има прекрасни дела кои ќе останат во витрините на нашите институции, рече Дамјановски.

Делата,од ликовната колонија ќе имаат можност да ги проследат и љубителите на ликовната уметност од повеќе градови од државата. Отварањето на ликовната изложба е дел од програмата за одбележување на Денот на ослободување на Куманово.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска