Изложба на слики од Глигор Чемерски во Кавадарци

Од:

По повод 77 години од раѓањето на уметникот Глигор Чемерски, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци беше отворена изложба на негови слики.

Сликите припаѓаат на општина Кавадарци, Музејот од Кавадарци и во приватна сопственост. Организатори на изложбата се Музеј-галеријата и Домот на културата, со поддршка на општина Кавадарци.

– Чемерски целиот свој живот го фалеше и сликаше Кавадарци преку многу свои дела, особено преку жешкото тиквешко сонце и гроздоберките, кои ги виде целиот свет. А неговиот роден град е горд што токму поради него, светот ги препознава Кавадарци и Македонија, рече академскиот сликар Владимир Темков.

Шефот во кабинетот на градоначалникот, Сузана Шалева истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите културни манифестации.

– Тука сме собрани за да го одбележиме животот и делото на академик Глигор Чемерски и да го продолжиме духот што тој го врежа во уметноста, рече таа.

За животниот пат и уметноста на Чемерски, говореше пензионираниот универзитетски професор Кирил Темков.

Скликарот и академик Глигор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година, а почина на 76-годишна возраст во Скопје. Тој се образувал во Кавадарци, Скопје, Белград и Париз. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, а постдипломски студии на истиот Универзитет. За време на својот живот реализирал повеќе од 70 изложби ширум светот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски