Изложба на слики и цртежи насловена „Treshold или сенката на нештата кои не ги гледаме#, од Иван Ивановски ќе биде отворена вечерва во Младинскиот култуен центар во Скопје.
Според Ивана Васева, уметникот Иван Ивановски работи со искрен, сосема личен пристап кој се коси со брзината на секојдневните случувања, но живее паралелно со нив.
„Тој луцидно и пркосно зема сегменти и ги преработува на сопствен начин… неговиот начин не е уметничарење или уметникарски, тој сосема свесно живее со сопствената креативна агонија и постојано ги преиспитува и става на тест медиумите (цртеж, видео, анимација, слика, графика, скулптура), понекогаш комбинирајќи ги, а понекогаш давајќи им сопствено место на доминација и експресија“, вели Васева
Изложбата ќе биде отворена до 10 јули.