Изложба на сликарот и скулптор Бундевски во Крушево

Од:

Во ликовниот салон при Домот на култура „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево е отворена изложбата на сликарот и скулптор Томо Бундевски.

Изложбената поставка брои 12 слики изработени во техниката масло на платно, 31 цртеж во техниката графика, како и 6 уметнички скулптури.

izlozbaKrusevo12juli (2)

Изложбата е во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата за 2014 година“ и ќе биде отворена до 17 јули 2014 година.

Од Општина Крушево информираат дека деновиве се одржува „Украинско – унгарското првенство“ во параглајдерство, а од 19 јули ќе започне и Светскиот куп во параглајдерство.

Од 25 јули, пак, по шести пат во Крушево, ќе се одржи традиционалната манифестација „Крушево Етно – град“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска