Во ликовниот салон при Домот на култура „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево е отворена изложбата на сликарот и скулптор Томо Бундевски.
Изложбената поставка брои 12 слики изработени во техниката масло на платно, 31 цртеж во техниката графика, како и 6 уметнички скулптури.
Изложбата е во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата за 2014 година“ и ќе биде отворена до 17 јули 2014 година.
Од Општина Крушево информираат дека деновиве се одржува „Украинско – унгарското првенство“ во параглајдерство, а од 19 јули ќе започне и Светскиот куп во параглајдерство.
Од 25 јули, пак, по шести пат во Крушево, ќе се одржи традиционалната манифестација „Крушево Етно – град“.