Во галеријата „Париз-Москва“ во Софија вечер ќе бидат претставени дела од македонскиот скулптор Жарко Башески под наслов „Трансформација“.
Пред бугарската публика, Башески ќе се претстави со три скулптури, меѓу кои првпат и со делото Езекил Втори.
За делата на Башески ќе говорат директорот на македонскиот културно-информативен центар Васко Шутаров, уметничкиот директор на галеријата Јорданка Костадинова и кустосот од Музејот на современа уметност од Скопје Благоја Варошанец.
Проектот за претставување на реномираниот македонски скулптор е во соработка на Музејот на современа уметност и Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, реализиран со поддршка од Министерството за култура.
Жарко Башески учествувал на бројни домашни и меѓународни самостојни изложби во Париз, Њујорк, Бари, Малта, меѓу кои и како македонски претставник на 54. Биенале во Венеција во 2011 година.