Изложба на скулпторски сценски инсталации од Миле Брцески

Од:

Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Моменти на комуникации“ од Миле Брцески.

Миле Брцески е роден 1982 година во Прилеп. Во 2010 година завршил ФЛУ во Скопје во класата на проф. Жарко Башески. Во текот на студиите учествувал на повеќе групни изложби и колонии, во земјата и во странство, каде до израз доаѓа неговиот талент и посветеност во работата со различни форми и материјали.

Во Прилеп му е прва самостојна изложба.

– Поставката од пет дела се темели на скулпторски сценски инсталации со слободни и елегантни човечки форми направени од метал, како и употреба на тродимензионален цртеж кој го растреперува, координира и артикулира просторот околу нив. Уметничките дела во оваа инсталација остануваат отворени, податливи на промени да може гледачот визуелно да се пронајди во неа, вели авторот.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски