Во изложбениот салон „Империјал 1“ во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на слики од Синиша Кашавелски, на која авторот ќе се претстави со 10 дела масло на платно, создадени во последните три години.
Синиша Кашавелски (1969) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1992 година. Членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија, имал многу групни и самостојни изложби во земјава и во странство.
Изложбата на Кашавелскиво КИЦ ќе биде отворена до 3 октомври.