Изложба на Сергеј Андреевски во МАНУ

Од:

Во четврток, 31-ви октомври, со почеток во 20:00 часот, во Ликовниот салон на МАНУ, свечено ќе биде отворена изложбата „Неизложени слики“ на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски.

Како што впрочем најавува и самиот наслов, на изложбата ќе бидат поставени слики, до сега неизложени пред љубителите на ликовната уметност во земјава.

Дел од сликите од циклусите „Цвеќулиња“, „Кучињата лаат“, „Коњи“, „Рибари“ и др. прошетаа низ САД, ги виде публиката во Москва, Берлин, Нирнберг, Љубљана, Сомбор… Дел се изработени на сликарски перформанси на Андреевски (со македонската Филхармонија, со Влатко Стефановски, со „Љубојна“, со Џијан Емин, со „Мајовци“ и со музичари од Германија и Унгарија), други на гостувања на ликовни колонии и резиденции во светот и дома, а некои од нив, од ателјето директно заминале во приватни колекции и институции.

Идејата на авторот е да го сподели токму тој дел од неговото творештво со публиката. Изложбата ќе биде отворена до 22-ри ноември.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска