Изложба на ретки речници во општина Демир Хисар

Од:

Со изложба на ретки речници, дел од нив стари и по повеќе од еден век, кои се дел од архивата на библиотеката „Ал-Би“ од селото Бабино, денеска во општина Демир Хисар беше одбележан Светскиот ден на јазиците.

На промотивниот настан што се одржа во Основното училиште „Гоце Делчев“, пред учениците и наставниците, сопственикот на библиотеката „Ал-Би“, Стево Степановски, одржа стручно предавање на тема „Речникот – библија на јазикот“, а под истиот наслов беше отворена и изложбата на ретки речници.

– Сите јазици имаат заедничка црта, но и сите меѓусебно се разликуваат. Издавањето речник е подвиг, општествено е потреба, а национално е гордост. Денешнава изложба под мотото „Речникот – библија на јазикот“, има за цел да го поттикне интересот за проучување на јазиците, кои ќе помогнат да се учи онолку колку што се сака, истакна Степановски.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска